Добредојдовте

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Македонија е древна, библиска земја, географски сместена во централниот дел на Балканскиот Полуостров. Неправедно е политички поделена по балканските војни (1912-1913), но по долго време и со упорна борба еден од деловите дефинитивно доби статус на држава - Република Македонија.

Република Македонија зафаќа површина од 25 713 км2. Се граничи со неколку држави: на север со Србија, на исток со Бугарија, на југ со Грција и на запад со Албанија. Со сите соседни земји има по неколку гранични премини. Територијата на Република Македонија се одликува со мошне карактеристични и туристички изразити природни фактори кои се согледуваат преку хетерогениот мозаик на релјефот кој, како на шаховска табла, е изразен низ разни геоморфолошки форми од планини, котлини, полиња, долини, клисури.

Поради релјефните одлики, на територијата на Република Македонија се присутни разновидни климатски услови - од типична медитеранска до типична планинска клима. Постојат неколку вида бројни хидрографски објекти (извори, реки, езера, вештачки акумулации) со мошне разновидни туристички потенцијали.

  • 16 Co

    Гостивар

Билтен

Дали знаевте?

Планетата е стара 4.5 милијарди години а Македонија пред десетина милиони години била савана. Во неа владеела тропско-суптропска клима, што значи дека било потопло и попријатно за живот отколку сега.
Охридското езеро е старо меѓу 3 и 10 милиони години, а на неговото дно се наоѓаат остатоци од вулканска маса од вулкани во Италија кои биле активни пред 50000 години. Езеро во минатото било пониско за 50 метри од сегашното. Истражувањата за Преспанското езеро, покажаа дека неговото ниво се одржува стабилно во последниве 50.000 години. Токму тука се наоѓа врската помеѓу овие две езера.
Грамадите наречени Маркови Кули ги сочинуваат многубројни, разновидни мали денудациони форми кои преставуваат извонредна фина скулптура на релјефот, интрудирале пред околу 300 милиона години во постарите гнајсеви, чија старост е проценета на околу 720 милиона години. Подоцна на овој дел од теренот создадени се Некои од овие комплексни геоморфолошки облици имаат џиновски размери со тежина до неколку стотини тони.
Македонија има 8 фамилии, 76 родови и досега се регистрирани 201 вид пеперутки. Од нив, 174 се присутни во долината на Треска. Во леденото време, пред милиони години, кога почнале да се топат мразовите, пеперутките нашле прибежиште во долината на Треска, каде што имале услови да се сокријат од неповолните атмосферски услови.
Има ли народ во светот што името со милениуми си го носи по својот бог Македон ? Тоа се само Македонците и државата Македонија. Во митолошките сфери се објаснува дека татко на Македон е самиот врховен бог Зевс што од небото ги ѕиркал најубавите жени и со нив оставил бројно потомство на богови и божества.

Препорачуваме

© 2009 Познат е фактот дека вниманието на читателот, лорем ипсум не е случајно избран...нат е фактот дека вниманието на читателот, лорем ипсум не е случајно избран...>